Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 24 СТЕПЕНИ – УХМР најавува невообичаено топло време до петок, од сабота заладување

Во следните денови во Македонија ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење, до петок ќе биде релативно топло, со температури над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен југозападен ветер со брзина над 80 километри на час. Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање, информира УХМР.

Во среда, 18 ноември, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови наместа повремено силен ветер од југозападен правец, со брзина над 80 километри на час. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен јужен ветер.

Во четврток, 19 ноември, ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен југозападен ветер со брзина над 80 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 7 до 13 степени, додека максималните ќе достигнат од 18 до 24 степени.

Во петок, 20 ноември, ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа во западните делови повремено засилен до силен ветер од западен правец, со брзина над 70 километри на час. Утринските температури ќе бидат од 9 до 15 степени, а дневните од 17 до 24 степени.

Во сабота, 21 ноември, ќе започне опаѓање на температурите. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималните температури ќе се движат од 2 до 10 степени, а максималните од 15 до 21 степен.

Според прогнозата, најизразените налети на ветер се очекуваат во среда и четврток, додека релативно топлото време ќе се задржи до петок. Од сабота ќе следува постепено намалување на температурите.

Можеби ќе ве интересира

„НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ СТАНУВА ЕПИДЕМИЈА“ – Сиљановска-Давкова најави средба со институциите

ДЕСК

ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ КОН РАДОЖДА – Од денеска сообраќај по една лента кај Елен Камен

ДЕСК

ВОЗАЧИ, ВНИМАНИЕ – Зимската опрема е задолжителна до 15 март, МВР со потсетување

ДЕСК