Centar.mk
фотографијата е нереална и генерирана со вештачка интелегенција
МАКЕДОНИЈА

ПРОТЕСТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД – Се бара одговорност од институциите и заштита за секоја жртва на насилство

Пред просториите на СВР Охрид вечерва се одржа протест организиран од Форумот на жени на СДСМ, на кој беше побарана поголема институционална одговорност во случаите на насилство врз жените. Протестот следува по силните реакции што ги предизвика случајот со нападот врз Сара Ѓорѓиеска.

Претседателката на Форумот на жени, Каја Шукова, порача дека државата мора да обезбеди ефикасна превенција, навремено постапување и заштита за жртвите. Таа побара истрагите и судските постапки да се водат без политички влијанија и со јасна одговорност за евентуалните институционални пропусти.

Семејството на Сара претходно соопшти дека нема да присуствува на протестот. Воедно изрази надеж дека случајот нема да биде искористен за партиски цели, туку ќе придонесе за поголема јавна свест и подобра заштита од насилство.

Можеби ќе ве интересира

ОКОЛУ 120 ЖЕНИ ГОДИШНО ЗАБОЛУВААТ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – Лекарите со важен апел за превенција

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 24 СТЕПЕНИ – УХМР најавува невообичаено топло време до петок, од сабота заладување

ДЕСК

„НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ СТАНУВА ЕПИДЕМИЈА“ – Сиљановска-Давкова најави средба со институциите

ДЕСК