Десет деца на возраст од осум години биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија по инцидент во трговскиот центар „Галерија“ во Белград. Несреќата се случила околу 14:35 часот, а дел од децата се здобиле со сериозни повреди.
Според првичните информации од очевидци, инцидентот се случил на подвижните скали. Сите повредени биле примени на медицински прегледи, а од здравствената установа соопштиле дека за три деца била потребна хируршка интервенција.
Надлежните треба да ги утврдат причините за инцидентот и евентуалните пропусти во безбедноста. Засега нема официјално потврдени детали за точниот механизам на несреќата.


