26.8 C
Скопје
1. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Холандија ги олеснува мерките по четири месеци строг карантин

По четири месеци строг карантин, Холандија почнува да укинува некои ограничувања за епидемијата на коронавирусот.

На граѓаните повторно ќе им биде дозволено да излегуваат на улиците ноќе затоа што полицискиот час воведен во јануари ќе биде целосно укинат, а продавниците и терасите на рестораните ќе може да се отворат под одредени услови.

Холанѓаните исто така ќе може да примат две лица во своите домови наместо само едно.

Холандската влада, предводена од премиерот Марк Руте, одлучи да ги ублажи ограничувањата и покрај големиот број нови инфекции и предупредувања од нејзиниот научен советодавен совет за коронавирус.

Стапката на зараза неделно на 100.000 жители во моментот е 220.

Владата очекува да се намали бројот на заразени поради зголемениот број вакцинирани.

Речиси пет милиони луѓе примиле барем една доза од вакцината против коронавирусот во земјата со 17 милиони жители.