16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Граѓаните треба да критикуваат постојано, но и самите да се вклучат во борбата против корупцијата

Ние како Влада ги засилуваме сите механизми за борба против корупцијата кои ни стојат на располагање, а градиме и воведуваме и нови механизми за справување, искоренување и имплементација на конкретни мерки за превенција и сузбивање на високата корупција. Граѓаните треба да критикуваат постојано, но и самите да се вклучат во борбата против кариесот во општеството, појава која ја нагризува и иднината на нашите деца, појава која спречува развој и подобри и посигурни услови за живеење и работење. Ова е Влада која коренито се зафаќа со решавање на проблемите и веруваме дека и во оваа област граѓаните набрзо ќе воочат разлика и поместување кон подобро, истакна за МИА за вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Тој, во интервјуто за МИА, зборуваше за активностите кои ги преземаат во борбата со корупцијата, изготвениот План, чекорите кои ги предвидува, како и за неговото тековно спроведување.

Во однос на соработката со другите политички партии, Николовски нагласи дека има постојана координација со владината коалиција, но за најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ рече дека оттаму на секој чекор доаѓаат опструкции, попречувања или саботирања во испораката на правдата во разни случаи.

За извештајот на Стејт департментот во кој се наведува дека корупцијата во земјава е на високо ниво, вицепремиерот истакна дека не се рамнодушни кон извештаите кои ги констатираат слабостите на општеството, но, како што рече, тоа не само што не не’ демотивира, туку не прави поодлучни во битката.

За случајот со починатиот овчар Златко Божиновски, Николовски потенцираше дека по завршувањето на целата постапка, секаде каде што ќе биде утврдено, одговорност ќе има. Тој додаде дека Комисијата формирана од ЦУК работи и на ревидирање на стандардните протоколи кои довеле до затајување на алките во системот.

Во врска со софтверот за сообраќајни прекршоци на Драги Рашковски и сомнежите што ги покрена, вицепремиерот посочи дека законите мора да се почитуваат, сите сме еднакви пред нив, а надлежните институции во моментов постапуваат.

Во планот за борба против корупцијата најавувате повеќе мерки за справување со криминалот и корупцијата. Дали Планот ќе остане само на овие мерки, ќе претрпи ли некои измени и дополнувања, дали може да се очекува вметнување на некои странски искуства во делот на мерките?

„Планот е многу сериозен проект подготвен врз основа на препораки и предлози од надлежни институции, од објавениот јавен Повик за доставување на предлози од страна на невладини организации минатиот месец, од независните тела, како и врз основа на релеватните домашни и странски извештаи. Планот кој содржи 18 системски мерки, нови начини и соодветни механизми за спречување и искоренување на корупцијата е продолжение на она што започнавме да го работиме пред шест месеци. Иако планот е усвоен и понатаму се следат домашните и странските извештаи на тема корупција и криминал, се разгледуват странските искуства во однос на мерките и стратегиите. Веќе работиме на нова мерка која ќе придонесе во превенција и зајакнување на механизмите на контрола во борбата против корупцијата и судирот на интереси во јавниот сектор. Анализиравме дел од меѓународните заклучоци кои покажуваат дека преку воведување на законска обврска за пријавување на имотната состојба и судир на интереси односно сопственичка структура, акции и удели во трговски друштва на службени лица вработени во јавниот сектор со посебни овластувања, инспекторите, царински службеници и сите раководни административни службеници, ќе се оневозможи злоупотреба на службената должност и можноста за искористување на својата положба за прибавување на имотна корист, нанесување на штета или друг начин на влијание со кое службеното лице стекнува некаква корист за самиот себе или за него блиски лица. Со тоа никој нема да може да го сокрие својот имот и да се богати на грбот на граѓаните и државата. Сличен модел на широк опфат на пријавување на имотна состојба и судир на интереси има во Романија, Литванија и Грција и истото се има покажано како навистина ефикасен модел.

Спонзорирано: