25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Филипче: Модуларната болница во Прилеп ќе биде во системот на целокупната прераспределба и ќе пружи соодветна болничка заштита на сите пациенти

Здравствениот систем е под огромен притисок како што не бил никогаш, не само кај нас насекаде во светот се соочуваме со пикот на досега најсилниот бран и тоа е нешто што буквално се случува во сите околни земји во цела Средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка, порача министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска за време на посетата на модуларната болница во Прилеп. Министерот истакна дека сите ковид центри во државата се во постојана координација, здравствениот систем секојдневно се менаџира, за пацинетите да ја добијат потребната здравствена услуга.

– Благодарение на брзата прераспределба, на брзата реорганизација на системот на ротација, здравствените работници добро го амортизираа и овој удар. Ниту еден пациент не е оставен без соодветна болничка заштита, за што можам да им се заблагодарам за пожртвуваната и посветена работа. Тоа значи во секоја болница, па и тука во Прилеп се прави планирање на дневна основа, но и среднорочно во смисла на тоа кои одделенија ќе бидат преадаптирани доколку е потребно и доколку дополнително се зголемува бројот на пациентите – изјави Филипче.

Модуларната болница во Прилеп е еден од 19 -те објекти, кои се поставија во рекордно кратко време. За помалку од 3 месеци се направија во 16 општини, на 10.000 квадрати, направени се повеќе од 600 боолнички кревети со кои сега располага нашиот здравствен систем.

-Оваа болница е целосно опремена со централен довод на кислород и има услови за лекување на сите пацинети кои се заболени од ковид. Таа ќе биде во системот на целокупната прераспределба, пренамена на креветите во болницата, се со цел да се пружи соодветна болничка заштита на сите пациенти. Во болницата во Прилеп изминатите 2,5 години навистина многу инвестиравме примени се над 100 вработени лекари, медицински сестри без кои тешко овој удар да можеше да се амортизира и да се даде соодветна здравствена услуга. Беше направен нов ургентен центар со што се смени пристапот во давањето на стручниот дел на лекарската услуга кај итните пациенти и оваа година тоа го заокружуваме со тоа што Прилеп за првпат добива апарат за магнетна резонанца што ќе служи за соодветна дијагностика односно пациентите понатаму нема да мора да патуваат во другите градови или во Скопје за оваа услуга. Уште еднаш честитки на менаџерскиот тим, на сите вработени, за се тоа што прават досега. Верувам дека сега околу пикот и оваа недела сега следната се критичните неделни, ние сме во целосна координација и во рамките на територијата на цела држава во координација со директорите при распределба на пациентите согласно тежината на клиничката слика се прави во целосна координација – изјави Филипче.

Министерот упати апел до граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, посочувајќи дека сега исе клучително ризична ситуација. Согласно зголемувањето на достапноста на вакцините, повика граѓаните помасовнод а се пријавуваат за вакцинација, бидејќи тоа е еден од главните инструменти во борбата против пандемијата.