12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Рекорден број смртни случаи во Украина

Рекорден број смртни случаи од коронавирус е забележан во Украина во последните 24 часа откако се пријавени 421 починат, изјави министерот за здравство, Максим Степанов.

Вчера, беа регистрирани 407 смртни случаи во таа земја, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата.

Претходниот рекорд беше поставен на 25 март кога беа пријавени 362 смртни случаја.

Степанов рече дека вчера се потврдени 17.569 новоинфицирани лица, а рекордот е срушен и кога станува збор за бројот на хоспитализации бидејќи 5.160 лица биле примени на болничко лекување.