12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Нов сој на коронавирусот идентификуван кај патник од Танзанија

Африканските здравствени влaсти идентификувале нова варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2 кај патник кој патувал од Танзанија во Ангола.

Африканскиот центар за контрола на болестите (CDC) објавија дека новиот сој има околу 40 мутации.

Челникот на CDC, Џон Нкенгасонг рече на прес-конференција во четвртокот дека „сигурно станува збор за варијанта која предизвикува загриженост“.

Здравствените власти во Танзанија не објавува податоци за заразените со коронавирусот, па овој сој не може да се следи.

Покојниот претседател Џон Магуфули, кој неодамна почина на 61 година, се противеше на борбата против коронавирусот. Официјално причина за смртта се проблеми со срцето, но лидерот на опозицијата во Танзанија, Тунди Лису, кој прв извести за хоспитализацијата на шефот на државата, тврдеи дека кај Магуфули бил дијагностициран Covid-19.

Нкенгасонг рече дека сѐ уште не може да се нзае дали сегашните вакцини ќе бидат делотворни против овој сој на вирусот. Предупреди дека Африка на пат кон третиот бран на пандемијата Covid-19.

Британскиот и јужноафриканскиот сој на коронавирусот се потврдени во 18 африкански земји, според податоците на CDC.

Нкенгасонт ја поздрави одлуката на фармацевтската мултинационална корпорација „Johnson&Johnson“ својата вакцина против Covid-19 да ја произведува во Јужоафриканската Република. Компанијата договори испорака на 220 милиони дози на вакцината, со можност од дополнителни 180 милиони, а повеќето ќе се произвдуваваат во ЈАР.