17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Нов силен земјотрес во централна Грција со јачина од 5,7 степени

Нов силен земјотрес е почувствуван во централна Грција, но засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.

Потресот беше со магнитуда од 5,7 степени по Рихтеровата скала, објави германскиот истражувачки центар за геолошки науки.

Според Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на земјотресот бил на 16 километри јужно од градот Еласон на длабочина од 8,5 километри.

Силен земјотрес го погоди истото подрачје и минатата недела, при пто беа оштетени стотина згради и принуди голем број на луѓе да ги напуштат домовите и привремено да се засолнат во шатори што ги обезбедија властите.