12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Земјотресот ја погоди БиХ, се почувствува и во Далмација: „Се тресеа sидови и плакари“

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во Босна и Херцеговина утрово во 08:09 часот.

Земјотресот бил со епицентар во близина на Босански Грахово, јавуваат медиумите во БиХ.

Според хрватскиот портал Индекс.хр, земјотресот бил почувствуван и во Далмација.

“Нè разбуди прилично силен удар, ѕидовите и плакарите се тресеа, а потоа малку се нишаше неколку секунди. Тоа воопшто не беше пријатно чувство”, напишал читател.

Босанско Грахово се наоѓа на околу 80 километри од Сплит.