17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Курц ја критикува Европската агенција за лекови за вакцините

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, остро ја критикува Европската агенција за лекови барајќи побрзо издавање одобренија за вакцини против коронавирусот, информираат тамошните медиуми.

„Не може во други земји вакцината да се одобрува побргу отколку што тоа го прави Европската агенција“, рече Курц.

Како причина за критиката тој го наведува одобрението за вакцината од компанијата „Џонсон и Џонсон“, во САД.

„Европската агенција за лекови сега е поканета да ја одобри вакцината на „Џонсон и Џонсон“ што е можно побргу, небирократски и во согласност со сите научни стандарди“, нагласи Курц во изјавата.

Тој процени дека вакцината може да донесе пресврт во борбата против пандемијата бидејќи е потребна само една вакцина за целосна имунизација и може да се чува во обичен фрижидер.

Покрај тоа, нагласува тој, вакцината има висок ефект против сериозни болести.