16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Нов Зеланд ги укинува преостанатите ограничувања

Нов Зеланд денеска ги укинува преостанатите ограничувања воведени поради коронавирусот во Оукланд, откако беше утврдено дека епидемијата откриена во тој град стивнува.

Премиерката Јасинда Ардерн изјави дека врз основа на повеќе од 72.000 тестови не се пронајдени докази дека вирусот се шири во заедницата.

Оукланд беше во тридневна блокада овој месец откако мајка, татко и ќерка беа позитивни на коронавирусот.

Подоцна се утврди дека биле позитивни уште пет контакти.

Откако заврши „локдаунот“, Оукланд продолжи со ограничувачките мерки, вклучително и забрана за собирање.

Изворот на епидемијата останува нејасен, иако властите продолжуваат да испитуваат дали постои врска помеѓу заразените авионски патници и мајката која работела во компанијата што перела алишта за авиокомпаниите.

Нов Зеланд сепак успеа да го запре ширењето на коронавирусот.

Спонзорирано: