23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Хрватска една жупанија остана без вакцини, епидемиологот сака да ја одложи ревакцинацијата

Епидемиологот Мирослав Венус, претседател на Хрватското епидемиолошко друштво, за хрватските медиуми изјави дека веќе нема вакцини во Вировитичко-подравската жупанија.

Тој смета дека треба да се размисли за одложување на втората доза на вакцината објаснувајќи дека тоа се однесува на вакцината на „Фајзер“, а веројатно и на вакцината на „Модерна“, најмногу поради недостигот.

„Процентот на заштита по првата доза е многу висок, затоа многу светски влади размислуваат за одложување на втората доза уште повеќе“, рече Венус за загрепската телевизија „Н1“.