27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

„Ако не правевте паралелен увоз на лекови и не избегаше Астра Зенека од земјава, денеска и ние ќе имавме вакцини многу побрзо!“, рече Петровска

Славјанка Петровска, пратеничката од редовите на СДСМ, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираше со пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

Петровска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека нема вакцини поради нивните политики од 2012 до 2015 и поради тоа што ја избркале компанијата „Астра Зенека“ од земјава.

„Ако вие во периодот од 2012 до 2015 година, поради криминалот што го правевте и паралелниот увоз на лекови, и не ја избркавте Астра Зенека од државата, сега ќе имавме вакцини многу побрзо“, рече Петровска.

Одговори Стојановска:

„Не се вадете, четири години сте на власт, една година сме во пендемија. За немањето вакцини одговорни сте само вие“.

Петровска: „Криминалните политики кои ги водевте, сега се одразуваат. Апсолутно да“.