21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Студен бран и снег во Германија, сообраќајот парализиран

Невообичаено ниските температури и снежните врнежи продолжуваат да предизвикуваат големи проблеми во сообраќајот во многу делови на Германија.

На еден од најважиот автопат во земјата, што ги поврзува источна и западна Германија, возачите поминале 16 часа од вчера до денеска на температури до -10 степени. Автопатот бил блокиран неколку часа.

Германската железница („Дојче бан“) исто така објави неколкучасовно доцнење и откажување на некои линии.

„Нашите тимови ги расчистуваат главните правци од снег дење и ноќе, но сообраќајот е отежнат“, велат од Германската железница.

Снег сè уште паѓа во северниот дел на Германија, кој продолжува да го блокира сообраќајот на пругите меѓу Хамбург, Келн и Берлин.

Германската метеоролошка служба најавува обилни врнежи од дожд за денеска, особено по должината на бреговите на Северното и Балтичкото Море.

Поради лошите временски услови, отежнат е и воздушниот сообраќај, а аеродромот во Дортмунд целосно го прекина сообраќајот.

Зголемувањето на температурите се очекува кон крајот на неделава, но сѐ уште се прогнозира студено време со температури околу нулата.