Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев на средба со средношколците: Владата е отворена за компромисно решение за државната матура

Владата е отворена преку дијалог за изнаоѓање компромисно решение во поглед на барањата за државната матура, изјави премиерот Зоран Заев денеска на средба со претставниците на Сојузот на средношколците, што се одржа на нивна иницијатива.

На средбата се разговараше за нивните барања за модифицирање на државната матура, односно намалување на предметите од четири на два и скратени наставни програми.

Средношколците, како претставници на Сојузот, му ги образложија на премиерот Заев своите барања повикувајќи се на образовните модели во Франција, Белгија и во Обединетото Кралство, каде што е намален бројот на предмети што матурантите ќе ги полагаат годинава.

„Како одговорна Влада, инвестираме во младите луѓе и водиме грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок. Свесни сме дека во време на корона-кризата е потребно да излеземе во пресрет и преку дијалог да изнајдеме компромисни решенија“, рече премиерот Заев.

Средношколците истакнале дека остануваат на своите барања за намалување на предметите за државната матура на два екстерни предмета.

„Премиерот Заев изрази поддршка на младите средношколци и истакна дека Владата е отворена преку дијалог да разговара за изнаоѓање заедничко компромисно решение, кое е во полза на матурантите, со цел нивно квалитетно образование и во средното и понатаму во високото образование“, соопштија од Владата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК