22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кремљ: Нема да толерираме никакви ултиматуми од САД

Коментарите на американскиот претседател Џозеф Бајден од претходниот ден, Кремљ ги опиша како „агресивна, неконструктивна“ реторика.

Кремљ додава, дека нема да толерира никакви ултиматуми од САД.

„За жал, ова е многу агресивна, неконструктивна реторика“, рече портпаролот на Кремљ , Дмитриј Песков.

Тој исто така рече дека Кремљ, сепак, се надева дека може да продолжи да се воспоставува корисен дијалог меѓу двете земји кога ќе се совпаднат нивните интереси.

Во четвртокот, Бајден вети почеток на нова ера на американската надворешна политика во своето прво дипломатско обраќање по инаугурацијата, кога му рече на рускиот претседател Владимир Путин дека САД повеќе нема да поминат преку агресивните активности на Русија.

Спонзорирано: