18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: Мицкоски со потписите против пописот само си го пребројува членството

„ВМРО ДПМНЕ неколку години има препознатлив стил на водење политика, само со бојкоти, па почнаа со бојкот на референдумот, бојкотираа избори, сега бојкотираат попис. Секое важно прашање за граѓаните и за државата тие го политизираат и наместо соработка, постојано имаме опструкции. Сега не ја разбирам операцијата за собирање потписи, се надевам не е до политичко незнаење. Имам едно објаснување со пописите, Мицкоски да си го преброи верното членство. ВМРО ДПМНЕ има деловничка можност преку пратеници да поднесат предлог закон во парламентот, нема воопшто потреба да ангажираат граѓани. Како група пратеници нека поднесат закон за одложување на пописот, па ќе дискутираме.“- изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, во „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Дополни дека со пописот нема да се местат ниту бројки, ниту проценти. Потсети дека стекнатите права на етничките заедници нема да се одземат без разлика која група колкав процент ќе има на пописот.

„Имаме осум институции кои имаат податоци за граѓаните, ќе ги вкрстиме податоците и конечно еднаш да имаме нормален попис. После 20 години, конечно да седнеме и да знаеме каде ја водиме државата, со тие податоци да знаеме и колку сме и какви сме.“- рече Костадинов.