17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Олеснување на мерките во Австралија, 11 дена без нови случаи на коронавирус

Мерките поради коронавирусот на границите меѓу трите најнаселени федерални држави во Австралија треба да се олеснат бидејќи веќе 11 дена нема нови случаи на Ковид-19, објавија австралиските власти.

Австралија воведе карантин и строги контроли за патниците од државата Нов Јужен Велс (НСВ) по избувнувањето на епидемијата во Сиднеј кон крајот на декември и бидејќи жариштата во овој град сега се под контрола, тоа им дава можност на другите делови од земјата кои немаат нови случаи да ги отворат своите граници за жителите на НСВ.

Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук, потврди дека нејзината земја ќе ги прима жителите на НСВ од 1 февруари.

„Сакам да ги видам семејството и пријателите како се обединуваат“, рече Палашчук на прес-конференцијата, пренесува агенцијата.

Југоисточната држава Викторија, која е домаќин на тенискиот турнир „Австралија опен“, посочи дека в петок може да ги промени мерките што се на сила на границата со НСВ.

Немало локални случаи на инфекција со Ковид-19 во овој дел на Австралија 22 дена, а во Викторија постои систем на дозволи за сите патници во кои државните области се означени како зелена, портокалова или црвена во согласност со нивната епидемиолошка ситуација.

Патниците од црвената зона не смеат да влезат во Викторија, додека оние од портокаловата зона ќе треба да направат тест за коронавирус во рок од три дена по пристигнувањето.

„Се надевам дека до крајот на утрешниот ден нема да има црвени зони во Нов Јужен Велс“, рече премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.

Австралија од март пријавила повеќе од 22.000 локални случаи на смртност од Ковид-19 и 909 смртни случаи и е меѓу 10-те најуспешни земји во борбата против пандемијата на коронавирус.