12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Димитров и Османи во Брисел на состаноци со министрите од Шведска и Финска

Во рамките на работната посета на Брисел, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на Советот за општи работи на ЕУ, попладнево остварија средби со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, и со министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто.

Акцент на разговорите на сите средби беа следните чекори на европскиот пат на Северна Македонија, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Димитров и Османи потсетија на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период, како на домашен план, така и на планот на унапредување на регионалните и пред сè на добрососедските односи.

Министрите Линде и Хависто изразија конзистентна и принципиелна поддршка за нашите европски интеграции.

Посетата на Брисел на Димитров и Османи продолжува со средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ.