25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бочварски: Ќе ја изградиме пругата кон Бугарија вредна 600 милиони евра

„Железничка пруга кон Бугарија поминува низ тежок терен, поделена е на три дела, првата и втората делница сакаме да ги споиме во една фаза и да одиме на избор на компанија за изведување, за овие два дела. На оваа пруга имаме 92 моста и 32 тунела, самата сума од над 600 милиони евра покажува колку е комплексен проектот. Се работи за долг процес, но, во текот на годинава ќе избереме компанија за овие две делници кои би биле прва фаза од градежните активности, а потоа ќе одиме и со избор на фирма изведувач на третиот дел од пругата. Тоа е дел од Коридорот 8 ги поврзува Јонското со Црноито море и ние сме јасно определни дека инфраструктурата мора да ја поправиме и да воведеме и новитети.“- изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во вестите на Сител.

Тој дополни дека поврзувањето со Бугарија ќе биде и преку железницата и преку патната инфраструктура.

„Патот Крива Паланка до Деве Баир се проширува, но едно е патот, а друго е железницата, тие може само да се надополнуваат. Кога стоки се пренесуваат со воз тоа е со пониски трошоци, а патиштата се заштитени од големи товари. Едно е јасно, ние мораме да инвестираме, сме се заложиле пред нашите меѓународни партнери, добиваме и средства како грантови од меѓународни институции, и тоа не само на овој Коридор 8, туку секако и на Коридор 10 кој е главен во државата.“- рече Бочварски