10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бочварски: Градиме автопат Битола – Прилеп, целосно го поправаме автопатот Тетово – Гостивар

„Битола – Прилеп е често споменуван пат. Најавувам дека прв во нашата држава таму ќе имаме автопат, но изграден според меѓународни правила и стандарди, таму очекувам забрзани постапки, тоа би бил првиот автопат кој според планот ќе се изгради следната година.. Проектирањето ќе се изведе во текот на оваа година и следната година да имаме и градежни зафати. Вториот голем проект во врска со автопатиштата ни е патот од Тетово до Гостивар, таму сакаме да добиеме едно модерно решение врз постоечкиот пат кој не е во добра кондиција.“- изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во вестите на Сител.

Го спомена и новиот автопат од Кичево до Охрид, кој интензивно се гради.

„Кичево – Охрид имаше проблеми со самите проекти и тие не беа добри од хартија да се пренесат во пракса, затоа нови проектирања беа потребни, денес тие се завршени и продолжуваме таму да работиме интенизвно, целиот автопат чини 600 милиони евра, има 57 километри. Знаете, таму немаше испланирано клучки, па некои работи мораше отпочеток. Ќе имаме посета и на терен наскоро, таму навистина има сериозни зафати, па и во текот на зимата се работи, имаме прогрес. Што се однесува до правецот Скопје – Блаце исто така има две делници, на правата се работи, за втората во тек се постапки за избор на изведувач и ќе останат последните 10 километри. Инвестициите во патишпта се големи проекти, внимаваме да не ни се случуваат репроекитрања, како претходно.“- дополни министерот Бочварски.

Спонзорирано: