17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

ЕМА доби барање за одобрување на вакцината на „Астра зенека“ и „Оксфорд“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека добила барање за одобрување на вакцината против коронавирус на „Астра зенека“ и „Оксфорд“, прецизирајќи дека одлуката може да ја донесе на 29 јануари.

„ЕМА доби барање за одобрување за условно пуштање на пазарот на вакцината против Ковид-19, што ја развија ‘Астра зенека’ и Универзитетот ‘Оксфорд’“, соопшти европската агенција со седиште во Амстердам.

ЕМА ја одобри вакцината на „Фајзер“ на 21 декември, а вакцината на „Модерна“ на 6 јануари.

Агенцијата најави дека ќе го забрза процесот на тестирање на вакцината и дека може да донесе одлука на 29 јануари, доколку доставените податоци се доволно цврсти и целосни.

Европската Унија и ЕМА се под притисок да го забрзаат одобрувањето на нови вакцини против коронавирусот, кој однесе повеќе од 620.000 животи на целиот континент.