17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 25 загинати при уривање на покривот на крематориум во Индија

Најмалку 25 лица загинаа, а 15 се повредени кога во неделата се урна покривот на крематориум во северната индиска држава Утар Прадеш.

Жртвите се засолниле под покривот поради силниот дожд, а повеќето биле роднини на човекот што бил кремиран, пренесува „Индија тудеј“.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди, на „Твитер“ изрази сочувство до семејствата на жртвите.