17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay / Илустрација
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Хоџа: Немаме известување од Косово дека е потребен ПЦР-тест

„Сè уште официјално не сме известени дека за Косово е потребен ПЦР-тест. Немаме известување за ваква одлука од страна на Косово или од нашите власти. Ако има ваква одлука, нашата јавност ќе биде информирана. Владата нема донесено ниту одлука за реципроцитет за државјаните на Косово“, вели владиониот портпарол Муамед Хоџа на прашањето дали за влез во Косово од нашата земја е потребен ПЦР-тест. Според него, засега таква информација не е пристигната до Владата.

Во врска со смртноста во последните неколку месеци на ковид-пациенти, беше одговорено дека Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје водат евиденција за возраста, полот, местото од кое доаѓа и коморбидитетите на сите пациенти што се починати во здравствените установи во земјата, а биле позитивни на Ковид-19. Повеќето од егзитираните пациенти се со други болести, кои дополнително ја влошиле нивната состојба. Околу 90 проценти од сите пациенти што се починати имале најмалку една до две други болести, што дополнително ја влошиле нивната здравствена состојба и довеле до смртен исход. Најчести болести што ги имале пациентите заразени од Ковид-19 се кардиоваскуларни болести, дијабетес, болести на бубрезите и пулмолошки болести. Некои од пациентите што починале биле со карцином во понапредна фаза или имале тешка хируршка интервенција по која настапила смрт, информираа владините портпароли, кои посочија дека детаљна анализа за морталитетот на сите лица од Ковид-19 за целиот период од почетокот на пандемијата ќе биде објавена дополнително.