3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Триста илјади граѓани ќе добијат помош од државата – Објавени се условите, а помошта ќе се исплати откако ќе се гласа за законот во Собранието

Станува збор за помош, која е дел од четвртиот пакет мерки, во висина од околу 26 милиони евра кои ќе им бидат распределни на околу 300 000 граѓани на нивните трансакциски сметки, а кои ќе бидат наменети за купување домашни производи.

Финансиската поддршка се однесува на пасивните баратели на работа, корисниците на пензија во висина до 15.000 денари, самохрани родители, уметници ангажирани од правно лице регистрирано за дејност од областа на културата, филмски работници кои последните пет години работеле на минимум три филма поддржани од Агенцијата за филм и естрадни уметници членови на Здружението на естрадни уметници на Македонија.

Сите овие категории треба да се евидентирани во надлежните институции заклучно 27 септември 2020, со нето-доход од јануари до август 2020 не повисок од 120.000 денари.

Исто така, се однесува на корисници на социјална сигурност за стари лица за граѓани со над 65 години евидентирани во центрите за социјална работа, млади лица од 16 години до 29 години активни учесници во формалното средно образование и високото образование (кои не добиле домашна платежна картичка и дeца без родители и родителска грижа.

Како што се наведува граѓаните не аплицираат за мерката, туку листи со корисниците прават Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјала и Министерството за образование и наука во координација со другите надлежни институции.

Генералниот секретаријат на Владата ги собира листите со граѓани и ги распределува корисниците по банките. Крајните листи на корисници се објавуваат на www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Средствата ќе се исплатат на трансациската сметка на корисникот,а за оние кои не поседуваат ќе им биде отворена.

Ако граѓаните ги исполнуваат условите, а ги нема на листа во рок од три дена од објавување, може да поднесат приговор на kupuvamdomasno.gov.mk со наведување: ЕМБГ, име и презиме, адреса на живеење, општина и е-маил.

Генералниот секретаријат ќе упати јавен повик компаниите кои продаваат македонски производи и услуги да се пријават.

Компаниите каде ќе можат да се купуваат македонски производи и услуги ќе бидат задолжени на рафтовите или веб-страната да ги истакнат истите.

Ако некој не ги потроши шесте илјади денари помош, парите ќе бидат вратени во Буџетот

Вицепремиерот Фатмир Битиќи е уверен дека граѓаните наменски ќе ги потрошат парите предвидени со една од мерките од четвртиот пакет и дека со купување домашни производи ќе ја помогнат македонската економија. Запрашан денеска дали некој кој нема да купува само македонски производи може да очекува да му бидат минусирани тие средства, Битиќи рече дека банките имааат механизам за контрола на средствата кои што ги имаат префрлено и дали тие се потрошени или не во законскиот рок од 30 дена.

Законот за финансиска поддршка предвидува на одредени категории граѓани да им се префрлат на нивните трансакциски сметки по 6.000 денари, но исто така предвидува банките да имаат обврска да ги вратат на буџетска сметка неискористените средства. Што доколку некој кој ги потрошил парите на македонски, но и на странски производи, односно дали луѓето кои нема совесно да ги потрошат парите ќе имаат обврска да ги вратат назад, беше запрашан Битиќи на прес конференцијата посветена на Предлог-буџетот за 2021 година?

„Законот во овој момент е во собраниска процедура и не може да кажеме кое ќе биде конечното законско решение, бидејќи може да има амандмани и одредени промени. Но, тоа што беше зацртано е дека креираме систем во кој што на граѓаните ќе им обезбедиме можност да си ги повлечат средствата затоа што ако го применевме истиот модел како со платежните картички, сметаме дека ќе го доведевме во ризик здравјето на секој еден граѓанин, повеќе од овој пристап за кој сега се одлучивме“, рече Битиќи, додаавајќи дека целта е да се помогне средствата да стигнат до граѓаните, а соодветно граѓаните ќе имаат можност во рок од 30 дена да ги искористат.

„Да не заборавиме, зборуваме за скромни 6.000 денари кои што на граѓаните во овој момент им се и тоа како битни“, рече Битиќи.

Тој додаде дека граѓаните во нашата земја се свесни дека при трошењето на секој еден денар кај домашните компании, тој вреди многу повеќе отколку купување на странски производи.

„Банките имааат механизам за контрола на средствата кои што ги имаат префрлено во тие 30 дена, дали се или не се потрошени. Тие имаат модел на проверка колку се потрошени средствата во компаниите и да направат одредена противтежа дали и како би требало да постапат ако останат средства кои не се потрошени“, рече Битиќи.

Тој рече дека слично како и кај платежните картички и сега веројатно ќе има примери на граѓани на кои нивните трансакциски сметки воопшто не се активни или не ги користат (не се тука, или од било која друга причина).

„Во такви случаи, банките имаат увид во секоја трансакциска сметка, нема да треба дополнителни чекори да се провери дали се потрошени или не. Во тие случаи со средствата ќе се постапи соодветно и ќе се вратат во Буџетот за да се искористат за други намени“, рече Битиќи, додавајќи дека пристапот не е дискриминирачки, туку во период на криза добро е да се свртиме кон тоа што е наше.

Одговарајќи на прашањето според кој крутериуми Владата ќе ги определува фирмите каде што граѓаните ќе можат да купуваат македонски производи и дали се можни злоупотреби и фаворизирање на одредени продажни места, вицепремиерот рече дека процесот е транспарентен.

„Категорично не, заврши времето кога некој некого фаворизираше. Процесот е транспарентен, има систем кој што ќе се објави многу скоро, штом законското решение влезе во сила“, нагласи Битиќи.

Тој објасни дека сите субјекти кои што се заинтересирани да бидат составен дел од оваа операција на трошење на финансиските средства за помош на граѓаните, ќе може да се регистрираат и како што ќе се регистрираат, така списокот на овие фирми јавно ќе се објави на веб страницата „Купувам домашно“.

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T