16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Откажани сите прослави за Нова година во Москва

На новогодишната ноќ сите ресторани во Москва ќе бидат затворени, изјави шефот на одделот за трговија и услуги на рускиот главен град, Алексеј Немерјук.

„Новата година ќе дојде, нема да исчезне никаде, ќе се појави на 31 декември, но, за жал, очигледно во нешто поскромен формат. Повеќето ресторани нема да работат ноќе, поточно не повеќето, туку сите“, прецизира Немерјук за „Русија 24“.

Според него, исто така не е планирана културна програма во рестораните.

„Во суштина, Нова година ќе може да се дочека на 31 декември и 1 јануари и во другите денови во сите ресторани во Москва, но со исклучок на вообичаената ноќ“, додаде Немерјук.

Според него, не станува збор за целосно затворање на рестораните во руската престолнина.

Претходно, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, воведе дополнителни мерки поради пандемијата на коронавирусот. Меѓу другото, од 23 до 6 часот не работат рестораните, кафулињата, баровите. Ова нема да важи за испорака.

Спонзорирано: