15.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Грешките на Филипче се плаќаат со десетици мртви

„Грешките на Филипче се плаќаат со десетици мртви, оставката е веќе премал чекор, во прашање е кривична одговорност. Неспособноста на Венко Филипче во последното деноноќие закопа 30 граѓани. Филипче и Заев завија во црнина 30 семејства. Се гледа дека на Филипче му оди со црни рекорди“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, „неспособниот Филипче не се грижи воопшто за здравјето на граѓаните, наоѓа време само за свои бизниси и тендери и за луѓе од власта и го уништи здравствениот систем“.

„Поради тоа што јавните здравствени установи не се подготвени за справување со последиците од корона-кризата, поради тоа што пациенти умираат по пат до болница или во болнички ходници, поради тоа што нема лекови, поради тоа што медицинскиот персонал е исцрпен, а и незадоволен, Филипче треба да замине од функцијата министер за здравство.
Поради сето ова, поради сите фамилии завиени во црно, Филипче треба да си даде оставка, која во вакви услови е премал чекори. Секој што ќе го загрози здравјето на граѓаните треба и кривично да одговора“, се додава во соопштението на партијата.