12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Словенија 464 новозаболени од коронавирус и 24 починати

Уште 464 случаи на коронавирус се потврдени во Словенија, а 24 лица починаа, соопшти словенечката влада.

Тестирани се 2.063 лица, што значи дека околу 22 процента од испитаниците биле позитивни, пренесува порталот „24УР“.

Во болниците има 1.143 пациенти, од кои 190 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата 45.625 лица се разболеле од вирусот, а 578 луѓе починале.