12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: принтскрин /видео Официјална јутјуб страница на Џо Бајден
СВЕТИЗБОР

Горбачов: Победата на Бајден е шанса за подобри односи меѓу Русија и САД

Михаил Горбачов, 89-годишен поранешен претседател на Советскиот Сојуз, оцени дека победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД може да биде шанса за подобрување на односите меѓу Вашингтон и Москва.

Во интервју за новинската агенција „Интерфак“, Горбачов рече дека Бајден е чесна личност која го следи патот на разумот и ја опиша неговата победа како можност да го спаси Новиот СТАРТ, договор за контрола на оружјето меѓу најголемите нуклеарни сили во светот, кој истекува во февруари 2021 година.

Официјална Москва сè уште не се огласи по повод победата на Бајден на претседателските избори во САД.