22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Азербејџан ослободи 23 села од ерменската окупација

Претседателот на Азербејџан објави дека трупите на неговата земја ослободиле уште 23 села од ерменската окупација, пренесува „Анадолија“.

Азербејџанската армија ослободи пет града, три гратчиња и речиси 240 села, како и некои стратешки ридови од окупацијата на ерменските сили, по операцијата што почна во регионот Нагорно-Карабах на 27 септември.

Односите меѓу двете поранешни советски републики за Нагорно-Карабах остануваат напнати од 1991 година, но на 27 септември почнаа нови судири. Оттогаш Ерменија повеќепати напаѓаше азербејџански цивили и сили, дури прекрши три хуманитарни договори за прекин на огнот.

Речиси 20 отсто од територијата на Азербејџан – вклучувајќи го и Нагорно-Карабах и седум соседни региони – е под ерменска окупација речиси три децении.

Додека светските сили повикуваат на одржлив прекин на огнот, Турција го поддржа правото на Баку на самоодбрана и побара повлекување на окупаторските сили на Ерменија. Повеќе резолуции на ОН исто така повикуваат на безусловно повлекување на силите на напаѓачот.