17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Хрватска 1.427 новозаразени со коронавирус

Хрватскиот кризен штаб ги објави најновите податоци според кои во последните 24 часа се евидентирани 1.427 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2.

Така, бројот на активни случаи во Хрватска се искачи на 14.079, пренесува „Јутарњи лист“.

Меѓу нив, на болничко лекување се 1.191 пациент, од кои 112 се на апарати за дишење.

Утрово, Загреб пријави и помал број на новозаразени во споредба со претходните денови – нешто повеќе од 200.