Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сонце до сабота, од недела значително заладување и дожд: Метеоцентар со детална прогноза за времето

Во следните два дена ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Поради облачноста, утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните ќе опаднат за 3-5 степени.

Прогноза за 24.10.2020
Минимална температура: -1°C до8°C
Максимална температура: 20°С до 26°C
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува.

Прогноза за 25.10.2020
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 17°C до 22°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни.

Прогноза за 26.10.2020
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 21°C
Променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има повремен слаб дожд.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +