20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Ние никогаш тоа не би им го направиле на нашите браќа и пријатели Бугари

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска уверуваше дека се прави се‘ за наоѓање решение за проблемот со Бугарија околу јазикот и рече дека не верува оти постои нов подобар договор со Софија, пишува Дојче Веле.

Заев вели дека сите капацитети се вложени за изнаоѓање на решение на проблемот со Бугарија и за одржување на првата Меѓувладина конференција за преговори со ЕУ, но сепак не исклучува дека е можно да се случи и „да не се продолжи со овој чекор токму сега, до крајот на декември“:
„Знаете дека одлуката е консензуална, секоја земја членка може да стави на некој начин ограничување на продолжувањето на процесите, но искрено верувам дека тоа не е во интерес ниту на бугарскиот народ ниту на премиерот Борисов.“

„Ќе направиме се’ за што е можно побрзо наоѓање решение, затоа што пријателите си помаѓаат меѓусебно“, ветува македонскиот премиер Зоран Заев. Тој е уверен дека „согласно европските принципи, европските вредности, постои решение навистина за се’“.

Македонскиот премиер додаде дека се прават напори да „не се подгреваат непријатности“ и рече дека се надева оти и бугарската страна ќе прави напори „заради тоа што не само што сме пријатели, туку зборуваме многу често за братски народи“.

„Ние, како Македонци, или целиот наш народ, тоа никогаш не би му го направиле на нашиот сосед и на нашите браќа и пријатели Бугари и верувам дека тоа и така ќе се случи. Затоа правиме напори… Секогаш е добро предвреме да се решаваат работите, а не да се оставаат за понатаму. Но, како што реков, можеме да го решаваме и да го решиме овој проблем, можеме да оставиме и за понатаму, барем дел, ако нешто не е дорешено, да се дорешава“, рече Заев, додавајќи:

„Постојат соодветни алатки за решение на ова прашање, а тоа да не биде договор на договор. Имаме одличен договор. Овој договор беше и основата за постигнување на Преспанскиот договор. Во самиот договор имаме храбри исчекори на двете страни… Не верувам дека постои подобар договор помеѓу Северна Македонија и Бугарија што би можел да се постигне и верувам дека тоа го знае и бугарската страна.“

Спонзорирано: