25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Предупредување од Русија: Постои ризик од епидемија на вештачки вируси

Експертите од Советот за безбедност на Русија сметаат дека е можна епидемија на вештачки вирусни инфекции, објави прес-службата на Советот за безбедност.

„Настаните поврзани со пандемијата Ковид 19 и нивните последици укажуваат на можност за биолошки закани предизвикани од други опасни патогени биолошки агенси“, се вели во соопштението.

Во врска со ова, Научниот совет на Советот за безбедност предложи „основните документи на стратешкото планирање“ да се воведат „измени во врска со изворите на закани за биосигурноста поврзани, меѓу другото, со создавање на вештачки вируси“.

Покрај тоа, беше препорачан „понатамошен развој на системот на правни, медицинско-биолошки, санитарно-епидемиолошки, административно-организациски, комуникациски, информативни и други мерки насочени кон заштита на населението од опасни инфекции“.

Експертите исто така предложија развој на дополнителни мерки за борба против заканите поврзани со можноста за биотероризам.

Со Научниот совет во Советот за безбедност на Русија претседава секретарот на Советот за безбедност, Николај Патрушев.