Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следува невреме со пороен дожд и грмежи – Кога да очекуваме стабилизација на времето?

Денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претпладне повеќе застапени во западните делови. Попладне, во вечерните и ноќните часови во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Од утре следува период на стабилно време, освен во недела кога во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ноќите ќе бидат студени, дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа во благ пораст.

Прогноза за 18.10.2020
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 15°С до 22°C
Сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 19.10.2020
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 20.10.2020
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК