Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

До 38 степени во следните денови – локално можни невреме и засилен ветер, детална прогноза за следните 4 дена

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во понеделник се очекува повремен локален дожд и наместа услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 27.07.2026
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 29°C до 36°C

Променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 28.07.2026
Минимална температура: 11°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 38°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 29.07.2026
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.