Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Циклон доаѓа над Македонија, носи ново невреме: Meteocentar со детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на циклонска активност доцна попладнево почнувајќи од западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја.

На места врнежите ќе бидат поројни со поголем интензитет за кратко време и проследени со грмежи.

Пообилни врнежите ќе бидат во северозападните делови (над 30 л/м2).

Врнежите ќе продолжат и утре, особено во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Овие два дена ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Од сабота следува период на стабилно време, освен во недела во западните делови каде е можен слаб локален дожд. Ноќите ќе бидат студени, а дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа ќе расте.

Прогноза за 17.10.2020
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 16°С до 24°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови на места ќе засилува.

Прогноза за 18.10.2020
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 21°C
Сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 19.10.2020
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК