Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ.

Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

Воедно Ве известуваме дека од страна на Граничната полиција на нашата држава се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини, велат од МВР.

Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК