17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / Атина
СВЕТ

Судири во Атина, фрлени „молотови коктели“ кон полицијата

Помали судири се случија утрово во центарот на Атина непосредно пред крајот на собирот на студенти кога група непознати лица ја нападнале полицијата на авенијата Амалиас.

Тие фрлале „молотови коктели“ и други предмети кон полицијата, која се бранела со употреба на солзавец. Напнатоста во таа областа сега е намалена, пренесе агенцијата АНА.

Пред инцидентот се одржал собир на ученици, кои барале од владата да ги преземе сите потребни мерки за безбедноста на учениците и наставниците во училиштата поради пандемијата на коронавирусот. Меѓу другото, тие побарале да се намали бројот на ученици во еден клас на 15 и дополнително да се вработат наставници и хигиеничари.

Спонзорирано: