Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе се зајакне ли мнозинството на Владата на Зоран Заев? – Беса ја отвори можноста и Алтернатива да влезе во коалицијата

Министерот за земјоделство и генерален секретар на Беса, Аријанит Хоџа вели дека неговата партија нема проблем опозициската Алтернатива да влезе во Владата, но за такво нешто треба да одлучи премиерот Зоран Заев.

Ова тој го изјави во вечершната емисија „Клик плус“ на ТВ 21 . Тоа би значело дека ќе има и проширување на парламентарното мнозинство, кое во моментов е 62 пратеника.

Алтернатива на изборите настапуваше во коалиција со Алијансата за Албанците и освои четири пратенички места. Со евентуалното проширување на владината коалиција, парламентарното мнозинство ќе имаа 66 места во Собранието.

Генералниот секретар на Беса исто така најави дека е можно заедно со лидерот на ДПА, Мендух Тачи да формираат парламентарна група која ќе делува во Собранието. Беса има 4 пратеника, додека ДПА еден.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК