Centar.mk
СВЕТ

Новинарот што ги разоткри скандалите на извршниот директор на Nvidia: Хуанг го очекуваат сериозни предизвици

Враќањето на Џенсен Хуанг на чело на „Nvidia“ му донесе „краткорочно олеснување“, но сепак остануваат сериозни предизвици, вели новинар од „Њујорк тајмс“ кој прв извести за контроверзиите поврзани со лидерот на технолошкиот гигант.

Во изјава за емисијата Today на BBC Radio 4, Трип Микл истакна дека противењето на американските законодавци кон враќањето на Хуанг би можело да ја отежне неговата работа на чело на компанијата.

Микл наведува дека би можело да се воведе нова законска регулатива со цел да се забави работењето на „Nvidia“, додека можноста за одржување сослушувања во Конгресот ќе му остави на Хуанг помалку време за управување со фирмата.

Осврнувајќи се на улогата на Доналд Трамп во враќањето на Хуанг, новинарот забележа дека САД се нашле во ситуација без преседан.

Микл објаснува дека, кога еден извршен директор ќе биде сменет или кога компанијата ќе западне во тешкотии, обично инвеститорите – како што се активистичките инвеститори или поединци со искуство во стабилизирање на фирми што се соочуваат со проблеми – се оние што преземаат контрола.

„Тоа не е претседателот на Соединетите Држави“, рече тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Унгарија нема да прифати финансирањето на Украина да биде дел од седумгодишниот буџет на ЕУ

ДЕСК

Медведев: Украина и Западот веќе создадоа услови за руски нуклеарен напад

ДЕСК

Трамп го честита Денот на државноста на БиХ: Остануваме посветени на силна и стабилна Босна и Херцеговина

ДЕСК