12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Екс директорот на ЦЈЗ Скопје и пратеник од ДУИ, Зибери на Инфективна во Скопје

Арбен Зибери, поранешен директор на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Скопје и актуелен пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Медиумите се распишуваа за неговата здравствена состојба на 30 август при гласањето за новата Влада во Собранието што го стори по посебни протоколи и од посебна просторија.

Веста дека Зибери е примен на Инфективна ја потврди неговата сопруга на социјалните мрежи. Хоспитализацијата, според неа, била неопходна бидејќи состојбата се вложила по направениот ковид тест, но, истовремено, додаде дека денеска е постабилен и подобар.