12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО: Ова нема да биде последна пандемија

Лидерот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека светот треба да биде подобро подготвен за следната пандемија и ги повика земјите да инвестираат во јавното здравство.

„Ова нема да биде последна пандемија“, рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева.

„Историјата нè учи дека вирусите и пандемиите се факти. Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен отколку што беше овој пат“, рече тој.

Откако беа откриени првите случаи на коронавирус во Кина во декември лани, во светот се потврдени повеќе од 27,19 милиони случаи. Од вирусот на глобално ниво починале 888.326 луѓе.