12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Животот во Вухан се врати во нормала, градот е безбеден

Ситуацијата во кинескиот град Вухан се врати во нормала, соопштија властите. Економијата, училиштата и туристичките атракции се отворени и работат на вообичаен начин, а властите тврдат дека градот е безбеден во целост.

Градот ги повика сстранските новинари на официјална обиколка на градот за да известат за напорите кои се преземени во тој град со цел закрепнување на економијата, по пандемијата на коронавирус, пренесува Ројтерс.

Властите тврдат дека Вухан во целост е безбеден кога станува збор за состојбата со коронавирусот. Во овој град се потврдени над 80 проценти смртни случаи од Ковид-19, од вкупниот број на сите заразени во Кина. Но, локални случаи на трансмисија во Вухан не се забележани уште од мај, додека рестриктивните мерки, воведени за време на двомесечниот карантин, се ублажени.

Властите беа обвинети за бавно реагирање во првата фаза на пандемијата поради стравот од влошување на економската ситуација во земјата и незадоволството од политичкото раководство во Пекинг.

Критичарите велат дека цензурата на медиумите и замолчувањето на оние кои алармираа, му дало на вирусот време брзо да се прошири.

Вухан останува неодлучен за расветлување на потеклото на вирусот, кој досега зарази повеќе од 27 милиони луѓе ширум светот и уби речиси 900 000. Пристапот до пазарот од кој се верува дека потекнуваат првите случаи на коронавирус е сè уште ограничен.

Пекинг ги негираше теориите дека коронавирусот е создаден во лабораторија во Вухан. Иако официјалните лица го затворија пазарот, наводно, поврзан со првите случаи на инфекција, сè поголем број научници веруваат дека вирусот не потекнува од местото. Некои студии покажуваат дека вирусот веќе циркулирал пред да се појави на пазарот, преку повисока патека за пренос, и на многу прашања за неговото потекло сè уште треба да се одговори.