16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон и Меркел го поздравија договорот за буџетот и планот за закрепнување на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон го поздравија „историски ден“ во Европа, по договорот за економскиот план за закрепнување на ЕУ, постигнат на петтиот ден од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

„Тоа е историска промена за нашата Европа и за нашата еврозона. Направен е голем чекор“, рече Макрон на прес-конференција, додавајќи дека „за два месеци е изграден консензус за да се реализира планот за економско закрепнување“.

Ангела Меркел рече дека чувствува „големо олеснување по тешките преговори“ и додаде дека Европа сепак покажа дека „може да дејствува заедно“.

„Тоа е важен сигнал којшто е над Европа. Тоа е одговор на најголемата криза со која се соочи Унијата уште од своето основање“, рече германската канцеларка.

Шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека станува збор за „голема работа за Европа“ и го нарече „вистински Маршалов план“.

По неколкудневен самит во Брисел, лидерите на ЕУ постигнаа договор за буџетот за периодот од 2021 до 2027 година и план од 750 милијарди евра за закрепнување на економијата погодена од епидемијата на коронавирус.

Спонзорирано: