22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Избори во САД 2020 година – Канје Вест почна необична кампања за претседател

Канје Вест и официјално ја почна кампањата за претседателските избори во САД во 2020 година на невообичаен митинг во Чарлстон, Јужна Каролина.

Вест, кој има 43 години, се кандидира пред неговата Роденденска партија.

За време на настанот, раперот држeл спонтани политички говори, а имал и неколку тиради – вклучително и оние на темата абортус.

Фановите се прашуваа дали оваа номинација за Белата куќа е всушност промотивен трик.

Митингот во Чарлстон не одговори на прашањата дали неговата кандидатура е вистинска. Но, еден твит, кој сега е избришан, објавен на профилот на Вест, наводно прикажувал список на песни за новиот албум – што придонесе за шпекулации.

На настанот, кој се одржал во салата за свадби и конференции, можеле да присуствуваат само регистрирани гости – но немало можност луѓето да се регистрираат или да го потврдат своето присуство на веб-страницата за кампања на Вест.

Вест се појавил со бројот „2020“, избричен на задниот дел од главата и облечен во заштитен елек, а на публиката ѝ се обратил без микрофон.

Микрофон немало ниту во публиката, па токму затоа Вест постојано им велеле на луѓето да молчат за да може да ги чуе поставените прашања.

Во еден момент тој почнал да плаче додека зборувал за абортусот велејќи дека неговите родители за малку ќе се решеле да направат абортус: „Не би бил Канје Вест затоа што татко ми беше премногу зафатен“.

Тој додаде: „За малку ќе ја убиев ќерка ми… дури и ако мојата сопруга (Ким Кардашјан-Вест) се разведе од мене по овој говор, таа ја донесе Норт на овој свет, дури и кога не сакав“.