12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урна авион на Обединетите нации, кој пренесувал хуманитарна помош

Товарен авион на Обединетите нации, кој пренесувал хуманитарна помош, паднал на аеродромот „Беледвејн“ во центарална Сомалија, соопштија властите.

Сабри Ахмед од локалната администрација во градот Беледвејн изјави дека авионот го променил правецот на движење и со „стомакот“ паднал на пистата оставајќи зад себе црн чад, кој бил видлив со километри.

Тројца членови на екипажот го преживеале падот.

Авионот летал од Џибути и пренесувал храна за луѓето загрозени од поројните дождови.

Во моментот не е познато која е причината за уривањето на авионот.