Centar интервју со кандидатот за пратеник од СДСМ и коалиција ,,Можеме”-Бети Рабаџиевска Наумовска
Во рамките на предизборните претставувања денеска разговараме со Бети Рабаџиевска Наумовска, кандидат за пратеник од Ресен од коалицијата ,,Можеме,,, односно од коалицијата предводена од СДСМ.
Г-ѓо Рабаџиевска-Наумовска, вие сте ресенчанка, живеете и работите во Ресен и како што самите велите, не планирате под ниедни услови да го напуштите родното место и оти вашата заложба е да работите за подобрување на условите за живот во Ресен.
– Благодарам за можноста преку Вашиот медиум да им приближам на моите сограѓани која е мојата и нашата визија за државата, зошто е добро да ја дадат својата доверба и својот глас во следните 4 години за опцијата предводена од СДСМ и дека во овие сериозни времиња нема подобар избор од политиката која покажа дека ја води нашата земја по европскиот пат, одлучно и бескомпромисно.
Јас сум Бети Рабаџиевска Наумовска, ресенчанка, сопруга, мајка и лекар по професија. Ресенчани ме познаваат, 14 години работев во итната медицинска помош и за жал маката често ги носи луѓето да се обратат во таа служба, каде јас секогаш сум излегувала во пресрет и најбрзо, најпрофесионално и човечки да се помогне кога е најтешко.
Мојата љубов кој градот, кон сораѓаните, нема никогаш ниту да се смени ниту да се намали, останувам посветена на нашиот Ресен. Изминатит мандат како пратеник во Собранието и специјализацијата по оториноларингологија која ја извршувам на Клиниката за уво, нос и грло во Скопје,а во име на здравствениот дом Ресен, покажува дека останувам посветена на мојот роден крај.
Што можете да им ветите на граѓаните на Ресен на овие избори?
Што предвидува програмата 2020та наречена ,,Можеме” за овој дел на Преспа?
За следните четири години предвидени се повеќе проекти за подобрување на комуналната инфраструктура и другите услови за живеење и работење во Ресен и регионот.
Предвидена е изградба на обиколница околу градот за да се растовари градот особено од тешкиот сообраќај. Потоа предвиден е проект за изградба и регулација за Преспанското езеро, изградба на кеј и пешачка патека на Преспанското езеро,изградба на брана кај село Чешино, чија вода би се користела за наводнување на овошните насади преку затворен систем.
Понатаму, веќе е планирана изградба на современи откупнодистрибутивни центри и складишни капацитети во Ресен.
Што се однесува до децата, имаме мото: Повеќе градинки за повеќе деца! Ресен е еден од градовите и населените места каде во следниот мандат се планира отворање нови градинки или проширивање на постоечките.
Исто така, планирана е пренамена на киносалата во Ресенво мултинаменски објект, како и реновирање на спомен куќата на народниот херој Мите Богоевск.
Програмата ,,Можеме” предвидува формирање Младинскикултурни центри во неколку градови, како специјализирани институции кои ќе ги развиваат културните потреби на младите луѓе, со цел да го подобриме квалитетот на нивниот живот и да ги задржиме во земјата. Во Ресен таков центар ќе се отвори во објектот кој порано припаѓаше на противпожарната служба.
Имаме и многу други проекти за градот и регионот, а секако дека ќе имаме и слух за нашите граѓани секојдневно да ги изнесуваат своите потреби и согледување за подобрување на условите во нашата општина и јас како пратеник се обрзувам истите да ги пренесувам и на централно ниво и да им дадам гласност преку државниот парламент.
Бевте пратеник во изминатиов мандат, како ги оценувате постигнувањата на државно ниво во текот на мандатот на оваа влада и на парламентот?
Сакам да обрнам внимание дека во изминатиов мандат се постигнаа клучни историски успеси како приемот во НАТО и добивањето зелено светло за почнување пристапни преговори за членство во ЕУ, кои според последните изјави на европските челници, се очекува да почнат наесен со отворање на првите поглавја.
За жал, тие за нас историски вести и успеси поминаатво сенка на опасноста од пандемијата од КОВИД 19 и борбата за справување со невидливиот непријател, но придобивките од успехот на оваа влада остануваат за сите наши граѓани.
Зачленување во толку моќна алијанса како НАТО која гарантира безбедност на државата е клуч и за стабилизирање и на економската состојба и гарант и за идните инвеститори дека е безбедно да го донесат својот капитал овде и да се продолжи со едно долгорочно инвестирање и отворање работни места за македонските граѓани.
Остануваме посветени и во иднина и на другите наши клучни определби, а то се зголемување на платите, пензиите, социјалната помош, сето тоа поткрепено со реални резултати во економијата.