Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

НЕВРЕМЕ СЕ ЗАКАНУВА: Пороен дожд, грмежи и град – еве кога се менува времето

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Прогноза за 16.09.2026
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 17.09.2026
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 32°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 18.09.2026
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.